Белградски Партизан ја продолжи победничката серија во Евролигата и тоа на гостувањето во Валенсија каде славеше со 72:67.
„Црно-белите“ се во одлична форма, ритам и тоа уште еднаш го потврдија во Шпанија каде најдобро го одиграа третиот период кој го реализираа со 20-10, го преземаа водството и го задржаа до самиот крај.
Нанели и Ледеј уфрлија по 14 кошеви, а еден помалку имаше капитенот Пантер. Џонс пак со 14 беше прва „виолина“ во нападот на домаќините.
Реал Мадрид немаше пак проблеми во Белград каде ја реши Црвена ѕвезда со 72:58. „Кралевите“ изгледаа незадржливо во оваа сезона, секогаш знаат да одиграа и надиграа противникот и не е случајно што имаат учинок 14-1.
Хезоња беше лидер со дабл-дабл од 17 поени и 10 скока, Митровиќ и Теодосиќ искомбинираа 28 кошеви за поразените.
Барселона одново разочара и загуби од Алба Берлин (74:70), Макаби беше подобар од Басконија (89:81), а Виртус Болоња од актуелниот вицепрвак Олимпијакос (69:67).