Партизановецот Ексум го крена пехарот, па сопругата му кажа поубава вест – ќе стане татко!

Партизановецот Данте Ексум, репрезентативецот на Австралија кој со Партизан стигна до првата титула во АБА-лигата по цела деценија чекање на црно-белите, вечерва дозна уште поубава вест откако го крена шампионскиот пехар – ќе стане татко.

За време на големото славје на паркетот на „Штарк Арена“, каде Партизан ја доби мајсторката со вечниот ривал Ц. Звезда во финалето во регионалното натпреварување, неговата сопруга му ја откри најубавата вест со снимки од ултразвук.

Нема сомнение дека денешниот ден Ексум уште повеќе ќе го памети.