Дел од корисниците на „Партизанска“ и дел од корисниците од други улици во општина Центар утре ќе бидат без вода.
Како што информираат од РЦУК, повикувајќи се на известувањето добиено од ЈП Водовод и Канализација – Скопје, утре (14.09.2015), поради давање на водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник од Ф – 80 мм на Бул. „Партизански Одреди“ бр. 52, без вода ќе останат повеќе корисници.
Прекин во водоснабдувањето ќе има од 09.30 часот и тоа за корисниците од дел од булеварот „Партизански одреди“ и улиците „Дане Крапчев“, „Мајаковски“ и „Црвена Вода“ во општина Центар.