Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која денеска беше домаќин на лидерите од Западен Балкан на работен ручек во Брисел, истакна дека сите шест партнери од регионот и припаѓаат на Европа и дека ЕУ работи на тоа.
Истовремено, додаде Фон дер Лајен, се прават напори за приближување на економиите и пазарите од регионот до Унијата со помош на Планот за раст за Западен Балкан, вреден шест милијарди евра.
„Денеска ги примив лидерите на шест партнери од Западен Балкан. Сите шест земји припаѓаат на Европа. На ова работиме. Паралелно, ги зближуваме нивните економии и пазари со нашиот план за раст од шест милијарди евра за регионот“, напиша Фон дер Лајен на социјалната мрежа Х.