Партнерот ‘рчи? Еве го спасот за вас!

Доколку сте жртва на ‘рчењето на вашиот партнер, или пак токму вие имате проблем со оваа несакана појава додека спиете, овој рецепт за природна напивка е вистинското решение за вас.

Со овaa природна напивка ќе се ослободите од тешкото дишење и вашата слузница ќе се нормализира. Автоматски вие и вашите најблиски конечно ќе добиете мирен сон.

Начин на подготовка

Магичната напивка се прави на следниот начин: добро измијте и излупете две јаболки, два моркови и парче ѓумбир, а потоа ставете ги во соковник и додадете една мала шолја лимонов сок. Напитокот е готов и спремен за употреба.

Првиот ден, консумирајте го три пати, наутро, пред ручекот и пред спиење, а потоа е доволно да го пиете еднаш дневно.