Големите светски производители на автомобили BMW и „Jaguar Land Rover“ (JLR) најавија заеднички развој на електрични мотори, електроника за системот на пренос и електричен погон, со што најавија формирање на уште едно партнерство во автомобилската индустрија со цел да се намалат трошоците за развој на електричните возила.
Двете компании се под протисокот на пазарот да лансираат возила со нулта емисија на штетните гасови за да останат во рамките на строгите прописи за заштита на околината, но се мачат со одржувањето на профитабилноста, имајќи ги предвид растечките торшоци за производство на електричните, вмрежените и автономните возила.
„Заедно имаме можност поефикасно да ги задоволиме потребите на купувачите со скратување на времето за развој и со побрзото пласирање на возилата и најновите технологии на пазарот“, изјавил во средата челникот на одборот на BMW, Клаус Фрехлих.
Од BMW и „Jaguar Land Rover“ порачуваат дека ќе заштедат на трошоците преку заедничкиот развој, планираното производство и заедничкото купување на деловите за електричните автомобили. Двете компании ќе произведуваат електрични системи за погон во своите производствени постројки, соопштија од BMW.
Директорот на еден од секторите во JLR, Ник Роџерс, изјавил дека веќе докажале оти можат да произведуваат врвни електрични автомобили, но дека сега мора да ги засилат технологиите за да може да ја поддржат новата генерација од бредновите „Jaguar“ и „Land Rover“.BMW веќе има договор за испорака на 8-цилиндричниот мотор за JLR.
Од BMW преговараа со ривалот „Daimler“ за развојот на електричните автомобили, но одвоено разговараа и со JLR, компанија којашто некогаш беше во негова сопственост, поврзано со склучување договор во сегментот трансмисија.
„Jaguar Land Rover“ и натаму го водат поренешните менаџери на BMW, меѓу кои и Ралф Шпет, извршен директор на компанијата кој мина 20 години во BMW пред да му се приклучи на JLR, како и Волфганг Зјебарт, инженер кој ја надгледуваше iPace програмата на електрични автомобили кај „Jaguar“, а кој беше поранешен челник на одделот за истражување и развој во BMW.
Од JLR порачуваат дека ќе ги удвојат напорите на намалување на трошоците откако претходно годинава соопштија дека забележале загуба од 4 милијарди долари, што е резултат на падот на побарувачката на СУВ-возила во Кина и построгите прописи за емисиите на штетните гасови од дизелските мотори.
Во 1994 година BMW ja купи британска „Rover Group“, којашто ги опфаќа брендовите „Јaguar“ и „Land Rover“ за 800 милиони фунти, за веќе во март 2000 година JLR да му го продаде на „Ford“ за 2,7 милијарди долари. Индиската „Tata Group“ во 2008 година ги купи „Jaguar“ и „Land Rover“ од „Ford“ за 2,3 милијарди долари.