Меѓу оние кои нелегално добиле пасош со украдени лични податоци е и Фуат Јусуф, учесник во разбојничката кражба на транспорт на пари на Пошти во 2008 година, објави „КОД“.
-Иако е бегалец со меѓународна потерница, осуден на 15 години затвор, Јусуф успеал да извади пасош на туѓо име во управните служби на МВР каде врие од полицајци и службеници. На 22 јануари 2020 година, за време на техничката влада, дошол во Македонија, се сликал за пасош на име Едуард Мале, покажува обвинението кое го анализира вечерашното издание на КОД.
За потсетување, во експресни постапки вработените во пасошко со признание и без парични казни успеаја да се извлечат од огромниот скандал со казни под 2 ипол години затвор.