Паста со три состојки по која полуде светот

Ова традиционално јадење од Рим, познато како паста со сирење и со бибер своите корени ги влече уште од 13-иот век, но од тогаш доживеало голем број промени и сега во него може да се најдат три, а понекогаш и четири состојки: сирење, паста, бибер, водата во која сте ја свариле пастата и понекогаш масло.

Во зависност од рецептот, клучните состојки може да се разликуваат, па така некаде се користи пекорно сирење, а некаде пармезан, а одделни готвачи, наместо маслиново масло користат путер.

Подготовка:

Потребна ви е топла, ал денте, сварена паста (таман толку за да ја задржи цврстината а да не биде мека и преварена) и доста црн бибер.

Потоа промешајте ја водара во која се варела пастата со сирење за добиете густ, кремаст сос, директно во тавата или во тенџерето во кое сте ја вареле пастата.

Во видеото погледнете ги деталните упатства.