Тој потенцира дека една од трајните нивни заложби останува вложувањето во подобра инфраструктура.
320 милиони од вкупната сума ќе бидат инвестирани за патишта – автопати, експресни патишта, регионални, магистрални и локални.
Ова според Груевски е рекорден износ кој се инвестира за капитални инвестиции и е силен допринос во патната инфраструктура.
Автопатот Демир Капија-Смоквица треба да биде целосно готов следната година. Ќе продолжи и градбата на автопатите Скопје-Штип, Охрид-Кичево.
Се работи и на регионалните патишта и изградбата на експресните патишта во нашата земја.