Патничка се породи во авион на пат кон Амстердам, не знаела дека е бремена!

Млада жена „неочекувано“ роди дете додека била на летот КЛМ од Еквадор за Амстердам, минатата недела, овјави холандската болница која ја прзела патничката.

Неколку часа пред слетувањето во средата, жената почувствувала контрации во стомакот и отижла во тоалет. Таму, по неколку кратки конртакции родила син, велат од болницата, додавајќи дека жената тврди дека не знаела дека е бремена.

Во авионот имало двајца доктори и медицинска сестра од Австралија кои ѝ пружиле помош. Како што наведуваат од болницата, мајката на синот му го дала името по еден од луѓето што ѝ помогнале: Максимилијан.

Мајката е префрлена во болница по слетувањето на аеродромот „Шипхол“. И мајката и синот се добро, велат од болницата.

Жената ќе го продолжи патувањето за Мадрид, како што првично планирала, откако од болницата ја обезбедиле целата документација за бебето.