![download](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2025/01/download-9.webp?resize=696%2C465&ssl=1)
Регионален патнички авион на компанијата „American Airlines“ се судри во воздух со хеликоптер „Black Hawk“ на американската армија во близина на националниот аеродром Реган Вашингтон во средата вечерта, соопштија официјални лица.
Патничкиот авион се урнал во реката Потомак, објавија медиумите.
Сенаторот Тед Круз од Тексас на социјалните мрежи рече дека „знаеме дека има смртни случаи“, но не прецизираше колку. Телевизиската мрежа NBC претходно објави дека од реката Потомак досега се извлечени најмалку две тела и дека четири лица се извлечени живи од реката. Весникот The Washington Post, пак, подоцна објави, повикувајќи се на свои извори, дека повеќе тела се извлечени од водата и дека досега не се пронајдени преживеани.
Американската федерална управа за авијација (FAA) соопшти дека регионалниот авион на „PSA Airlines“ се судрил во воздух со хеликоптер „Black Hawk“ додека се приближувал до аеродромот. Претставник на американската војска потврди дека еден од нивните хеликоптери учествувал во несреќата.
PSA управувала со летот 5342 за „American Airlines“, кој полетал од Вичита, во сојиузната држава. „American Airlines“ објави дека во авионот имало 60 патници и четворица членови на екипажот, а авионот може да превезе до 65 патници. Американската војска соопшти дека во хеликоптерот имало тројца нејзини придпадници.
Полицијата соопшти дека повеќе агенции биле вклучени во операцијата за пребарување и спасување во реката Потомак, која граничи со аеродромот.
Аеродромот доцна во средата објави дека сите полетувања и слетувања се суспендирани. Националната управа за безбедност на транспортот соопшти дека собира повеќе информации за инцидентот.
Немаше фатална несреќа на патнички авион во САД од февруари 2009 година, но серијата речиси фатални инциденти во последниве години покренаа сериозна загриженост за безбедноста.
„American Airlines“ соопшти дека ќе обезбеди повеќе информации кога ќе стане достапни за компанијата.