Патници со часови поминале во авион без храна и вода, некои добиле и панични напади

Бурата Ешли предизвика значителна материјална штета во Велика Британија. Нејзини индиректни жртви се патниците во авионите на „Рајанер“ кои останале во воздух и до петнаесет часа, неколку пати подолго од планираното. Патниците бараат отштета од авиокомпанијата.

Еден од патниците во авионот кој од Ибица требало да пристигне во Даблин, завршил во Ливерпул. Кога слетале, се чудел кога дознал дека патниците не можат да се симнат бидејќи граничната контрола не дозволува никој да го напушти авионот. Наместо тоа, тие биле задржани во авионот четири часа. Тој истакна дека во авионот немало ниту храна ниту вода, а тоалетите почнале да смрдат. Одреден број жени имале напад на паника.

Друг патник кој патувал од Алгарве до Даблин поминал петнаесет часа во авионот, се пожалил за The Irish Times.

Тој се качил во Фаро околу девет часот наутро. Неколку пати авионот во кој се наоѓал се обидел да слета во Даблин, но поради невремето пилотот решил да слета во Бирмингем.

Во уште два наврати, авионот се обидел да слета во Даблин пред конечно да биде пренасочен во Бирмингем, каде што тој и патниците седеле на пистата со часови. Тој рече дека „во ниту една фаза од ова 15-часовно искуство во летот, Рајанер не понудил вода бесплатно, што според него, требало да се случи во такви екстремни услови.

Одговарајќи на прашањата на медиумите поттикнати од негодувањата на патниците, портпаролката на Рајанер рече дека искрено им се извинува на сите патници за овие доцнења и пренасочувања, кои се предизвикани од тропската бура Ешли и нашата посветеност да се даде приоритет на безбедноста на патниците и авионите.