Патниците кои утре имаат утрински или вечерни летови, да стасаат порано на скопскиот аеродром

Поради посетата на папата Франциск, патниците кои утре имаат утрински летови од Меѓународниот аеродром Скопје треба да пристигнат на аеродромот најдоцна во седум часот, бидејќи од 7:30 часот до 9 часот, патот до аеродромот ќе биде затворен за сообраќај, соопшти концесионерот на аеродромот ТАВ Македонија.

Патниците пак кои ќе имаат вечерни летови, треба да пристигнат на аеродромот најдоцна до 15:30 часот, бидејќи од 16:15 часот патот до аеродромот во Скопје ќе биде затворен за сообраќај.

Детали во врска со режимот на сообраќај од аеродромот до Скопје и евентуални измени, се достапни на веб-страницата https://papa.mk/soobrakjaj/.