
Најмалку десет лица се повредени во саботата навечер кога патничкиот воз „Intercity“ Атина – Солун, излета од шини во близина на Солун, крај местото Адендра .
Во возот, според првичните податоци, имало околу 100 патници. Несреќата се случила во 21,40 часот по локално време.
Од шините излетале електричната локомотива и пет вагони, и притоа локомотивата се забила во станбен објект. Причините за несреќата засега не се познати.
На местото на несреќата се ангажирани возила на итната медицинска помош и девет бригади на противпожарната служба. Според телевизијата Skai, засега не е прецизирана точната бројка повредени.