Патниот правец Струмица – Мокрино – Смолари кај Мокрински извори во прекин поради нанос на коловозот

АМСМ информира дека сообраќајот на патниот правец Р1402 Струмица – Мокрино – Смолари кај Мокрински извори е во прекин поради нанос на коловозот.

Екипите на Ј.П. Македонијапат работат на расчистување на коловозот и нормализирање на сообраќајот.