Патот кон Теферич утре ќе биде затворен за сообраќај

Општина Кисела Вода известува дека утре, патот кон Теферич ќе биде затворен за сообраќај.

Имено, прекинот на оваа сообраќајница ќе биде поради изведување на градежни активности, односно асфалтирање на патот кој води кон Теферич.

Овие градежни активности се дел од продолжението на втората фаза од проектот за проширување и реконструкција на нови 500 метри.

Воедно, ги молиме граѓаните за нивно трпение и разбирање додека се во тек градежните активности на оваа собраќајница, велат од општината.