
Од денеска и во наредните два дена, во периодот од 10 до 16 часот ќе биде воспоставен времен режим, комплетно затворање на сообраќајот на патниот правец Маврово – Дебар, делница Маврови Анови- Жировница.
АМСМ информира дека градежното претпријатие „Пелагонија“ од Гостивар ќе реализира испитување на мостовските конструкции на патот, во рамки на проектот „Рехабилитација на регионалниот пат Р1202, делница Маврови Анови – Жировница“.