![pat struga kjafasan](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/09/pat-struga-kjafasan.png?resize=696%2C461&ssl=1)
Патот Струга – Ќафасан е целосно уништен, па иако е долг само неколку километри, поради многуте дупки станува збор за делница за која треба многу време да се помине.
Овој пат е важен за Македонија затоа што се користи за транспорт на стока кон Албанија и обратно, но, во текот на летото, и за патување на туристи кои одлучуваат одморите да ги поминат во Албанија.
Властите неколку пати ветија дека ќе го санираат овој дел од делницата, но досега не е преземено ништо конкретно.
Патот претставува голем проблем и за жителите на околните села, кои поминуваат таму секој ден. Тие за „Тв21“ велат дека многу потешко е ноќе да се вози, поради тоа што не може да се забележат дупките.
Во 2018 година жителите на околните села протестираа со блокада на патот, но нивниот протест и барања не наидоа на разбирање кај надлежните.
![](https://i0.wp.com/republika.mk/wp-content/uploads/2020/09/pat-struga-kjafasan-640x424.png?resize=640%2C424&ssl=1)