![asfaltiranje ulica](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/06/asfaltiranje-ulica.jpg?resize=696%2C392&ssl=1)
Авто-мото сојузот известува дека делницата Велес-Градско ќе биде затворена поради асфалтирање во текот на следната недела, односно од понеделник до петок во периодот од 8 до 18 часот.
– Во однос на објектот „Рехабилитација на Регионален пат Р1102, делница Велес – Градско“, Ве известуваме дека поради вградување на асфалтен слој (асфалтирање), од 19.06 до 23.06.2023 година, Делницата Велес – Градско (во населеното место Градско) ќе биде затворена за сообраќај во периодот од 08:00 до 18:00 часот, се вели во соопштението на АМСМ.