![za zaednichka makedonija](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/04/za-zaednichka-makedonija.jpg?resize=640%2C425&ssl=1)
Македонското патриотско зружение „Тодор Александров“ со соопштение во средата го повика целиот македонски народ да се приклучи на протестите „За заедничка Македонија”, да се отфрли Тиранската платформа и да се создаде агенда и платфрма за семакедонско обединување за заштита на Република Македонија и македонските национални интереси.
„МПЗ Тодор Александров го повикува македонскиот народ и сите граѓани на Република Македонија уште помасовно да ги подржат протеститe ‘За заедничка Македонија’,сите заедно да кажеме стоп на Тиранската платформа и заговорот за уништување на Република Македонија и македонскиот идентитет. Сите македонски граѓани да ја покажеме нашата лојалност и патриотизам кон Р.Македонија во заштита на македонското знаме,химна,макеоднскиот јазик како уставотворен и да не дозволиме разнебитување на Р.Македонија од заговри и платофрми крирани во туѓи држави.МПЗ Тодор Александров сме против овој заговор за уништување и распад на Република Македонија,против воведување на двојазичност на целата територија на Македонија,против заговирите за кантонизција,федерализација и застануваме во одбрана на државниот уставен поредок и одбрана на националните македонски државни интереси“, се вели во соопштението.
Се истакнува и оти ткн Тиранска платформа е антимакедонска платформа креирана во друга држава и од пемиерот на Албанија, Еди Рама, како и дека низ историјата сите договори, платформи кои биле креирани во туѓи држави за Македонија и македонското прашање биле на штета на Македонија и уништување на македонскиот народ за делби поделби, асимилации и ропства на македонската земја и народ.
„Во Република Македонија службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и ние ќе се залагаме тоа да остане така. Во поглед на националните малцинства Република Македонија е најдемократската земја. Сметаме дека националните малцинства, а особено Албанците во Македонија ги ужуваат сите права и во ни една друга европска земја немаат повеќе права од колку во Македонија и не постои во цела Европа подемократски устав од македонскиот,некој свесно манипулира со граѓаните Албанци кои и сами знаат дека ги уживаат сите права во Р.Македонија и имаат достоинствен живот и права повеќе од која било друга земја сите граѓани заедно да ги штитиме држаните интереси уставот и државните симболи на нашата заедничка Р.Македонија. Факт е дека Македонците се обезличувани од сите наши соседи гледаме гомеми заговир против макеоднскито народ кои постоели во историјата,а и денес, сега гледаме како не негираат повтрно напшите соседи и како се соседнна Албанија промовира сепаратизам кон Македонија“, се додава во соопштението.
Од МПЗ „Тодор Александров“ потсетуваат дека предците се бореле и гинеле за Независна Македонија, а оти сега сите гледаме дека некој без ронка совест сака да ја продаде Македонија за едно парче власт особено сосросовите платеници и нивните слуги.
„Историјата се повторува, повампирени се повторно хегемонистичките пропаганди од надвор поткрепени од петтата колона и домашните предавници од внатре, нов заговор за промена на името, македонскиот идентитет и редефинирање на Македонија и територијални промени на нашата земја.Целта на целиот овај заговор е Р. Македонија да го изгуби македонскиот карактер и македонскиот народ да биде обезличен во сопствената земја. Ние МПЗ Тодор Александров и Македонците сме за соживот со сите граѓанаи на Република Македонија но на се има црвена линија особено кога се во прашање националните интереси и опстанокот на нашата земја. Низ историјата на нас Македонците ни било одземено и грабано, а не ни било дадено ништо,не смееме да дозволиме повторно да не понижуваат и обезличуват нема да дозволиме нов Букурешки договор и нова поделба на Македонија. Ние МПЗ Тодор Александров сметаме дека потребно е целиот македонски народ да се обдеини под една заедничка македонска национлана агенда која ќе биде став кога секогаш ќе бидат загорзини уставниот и државнен поредок на Република Македонија и кога секогаш ќе биде загрозен македонскиот идентитет јазик,култура на македонскиот народ“, се вели во соопштението.