Патрушев на Куба со Раул Кастро за безбедносна соработка

Секретарот на рускиот Совет за безбедност, Николај Патрушев, еден од најважните соработници на претседателот Владимир Путин, се состана со поранешниот кубански лидер Раул Кастро на разговори за безбедносната соработка, објави во вторникот приватната руска новинска агенција Интерфакс.

„Се разговараше за различни прашања од руско-кубанската соработка на полето на безбедноста. Николај Патрушев го увери Раул Кастро дека Москва останува посветена на духот на стратешкото партнерство меѓу двете земји“, се вели во соопштението за печатот на Советот за безбедност на Русија, цитирано од Интерфакс.

Војната во Украина ја предизвика најтешката криза во односите меѓу Русија и Западот од Кубанската ракетна криза во 1962 година, тврдат руски и американски дипломати. Во тој период светот беше најблиску до нуклеарниот конфликт на двете велесили.

Во 1962 година, Советскиот сојуз започна тајно да инсталира ракети со среден дострел на Куба, кои можеа да стигнат до американските градови. САД го блокираа пристапот до Куба и спорот заврши со отстранување на руските ракети од Куба и американските никеларни проектили претходно инсталирани во Турција. Во периодот на Кубанската криза пред шест децении, на чело на Куба беше братот на Раул, Фидел Кастро.

Сега, пак, како што тврди Москва објаснувајќи ја својата „специјална воена операција“ во Украина, САД имаат намера по превратот во Киев во 2014 година соседната земја на Русија да ја претворат во полигон од кој ракетите само за неколку минути може да се додлетаат до главните руски градови и стратешки позиции.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров минатата седмица ја посети Хавана. Притоа ја осуди „доминацијата“ и „хегемонијата“ на САД и западните земји кои ја одржуваат со средства што „не вклучуваат дипломатија, туку уцени, ултиматуми, закани, употреба на воена сила и санкции“.

Покрај средбата со Кастро Патрушев во текот на официјалната посета на Хавана, се сретнал и со кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел Бермудез, кому позицијата му ја отстапи токму Раул Кастро во настојувањата да се модернизира кубанскиот комунистички систем.

„Во Хавана, секретарот на Советот за безбедност на Руската Федерација Николај Патрушев беше примен од претседателот на Република Куба, Мигел Дијаз-Канел Бермудез. Прашањата за практичната интеракција меѓу Русија и Куба во областа на безбедноста, економијата и културата беа се дискутираше“, се цитира фрагмент од извештајот на Известија.

Русија и Куба ја објавија својата намера за одржување и продлабочување на билатералните односи. Истовремени во текот на средбата, Бермудез му пренел „братски поздрави“ на рускиот претседател Владимир Путин.

„Задоволни сме што го следиме раководството што тој го зазема на меѓународната арена. Исто така, забележуваме како, во рамките на конфликтот со НАТО, Русија можеше да издржи, да ја зачува својата економија и нивото на благосостојба на своите граѓани“, изјавил изјави кубанскиот претседател.