Секретарот на рускиот Совет за безбедност, Николај Патрушев, еден од најблиските соработници на претседателот Владимир Путин, вети дека Русија ќе им помогне на земјите од Латинска Америка да се спротивстават на, како што рече, обидите на САД да се мешаат во нивните внатрешни работи.
Патрушев своите пораки ги изнесе во Никарагва, на чие чело е поранешниот герилец Даниел Ортега, и по состанокот со поранешниот кубански лидер Раул Кастро во Хавана.
Како што го цитира ТАСС, Патрушев рекол дека земјите од Латинска Америка се многу добро осведочени со обидите на Соединетите држави да извршат економски и политички притисок врз оние чија политика не му одговара на Вашингтон.
„Латинска Америка останува важна зона на мирот, еден вид остров на стабилност. Нам (на Русија – з.р) ние важно што повеќе земји во овој региом да тежнеат кон независните политики“, изјавил Патрушев во Манагав, пренесува ТАСС.
Москва, додал Патрушев, ќе продолжи „да дејствува во рамките на постоечките средства за да се спречи мешање во внатрешните работи на вашите земји, како и кампањи за дискредитација на нивните легитимни власти, заплашување на нивното население и дестабилизирање на нивните економии“.
Војната во Украина ја предизвика најголемата криза во односите меѓу Русија и Западот од 1962 година и кубанската ракетна криза, тврдат руски и американски дипломати.
Откако Западот уште пред повеќе од деценија ипол започна со воведување санкции, а особен по руската инвазија во 2020 година во Украина, кои американските и европските лидери ги нарекуваат најстроги санкции што некогаш биле наметнати на една голема економија, Русија дефинитвно се откажа од соработката со Европа и САД и ги зајакна своите врски со земјите од Азија, Блискиот исток, Африка и Латинска Америка.
На неговата турнеја во Латинска Америка, Патрушев треба да ги посети уште и Боливија и Венецуела, каде што, како и во Куба и Никарагва, на власт е левичарската влада кои се во заострени односи со Вашингтон, кој инсистира на смена на тамошните политичари на власта.
Патрушев рекол дека развојот на добрите врски со Латинска Америка и Карибите останува „еден од клучните приоритети на Москва“.
На Куба, Патрушев и Кастро разговарале за соработка во областа на безбедноста, соопшти рускиот Совет за безбедност. „Николај Патрушев му потврди на Раул Кастро дека Москва останува посветена на духот на стратешкото партнерство меѓу двете земји“, се вели во соопштението.