![Stojko paunovski](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/06/Stojko-paunovski.jpg?resize=696%2C383&ssl=1)
Пазарниот инспекторат нема доволен број на инспектори и до крајот на годината нема да може да вработи нови бидејќи планот за вработување не одбиен од Министерството за финансии, изјави денеска директорот на пазарниот инспекторат Стојко Пауновски.
Пауновски рече дека до крајот на годината се пензионираат 37 инспектори, а недостигот на кадар се пополнува со лиценцирани помлади асистенти и советници.
– Немаме доволно инспектори, но оние кои ги имаме максимолно се искористени и ќе мора да одговориме на предизвиците кои ни се ставени со новите здравствени мерки.Сите административци кои имаат лиценци а се помлади асистенти или советници се префрлени во инспектoри и се на терен и дење и ноќе- рече Пауновски.
Тој информира дека нови вработувања нема да има до крајот на годината.
– Министерството за финансии не го одобри нашиот план бидејќи во овој период треба да се штеди и ние ќе се обидеме со она што го имаме да ја завршиме нашата работа успешно. Најверојатно следната година ќе можеме да вработиме нов кадар – рече тој.
Пауновски додаде дека веќе почнале да вршат инспекции според новите мерки на угостителските објекти и се изреќени 19 казни за одделни објекти.
Тој додаде дека е извршен и инспекциски надзор на казината и тие немаат прекршоци во однос на здравствените мерки туку го прекршиле законот за пушење. Пауновски најави нови инспекциски контроли во казината бидејќи во октомври не вршеле контроли кај нив.