Пауза во Бундеслигата до 2 април

Германската фудбалска лига (ДФБ) донесе одлука за пауза на мечевите во Бундеслигата и во „Цвајте“ (втора лига) до 2 април.

– Раководството на германската лига на денешната вонредна седница повторно расправаше за последиците од коронавирусот во Првата и во Втора лига. Како резултат на размена на мислења, му предлагаме на Генералното собрание в понеделник да ги запре активностите во двете лиги до 2 април, односно до крајот на паузата за меѓународни натпревари, е наведено во соопштението на ДФБ.

Претстојното коло, овој викенд, ќе се одигра без присуство на публика, но и таквите натпревари не може непречено да се организираат и играат, додаваат од ДФБ.

Во изминатите денови беа регистрирани првите случаи на коронавирус кај професионални фудбалери во Германија. Тоа се Тимо Хуберс и Јанес Хорн од второлигашот Хановер поради што целиот тим од Долна Саксонија заврши во карантин, па нивниот натпревар со Динано Дрезден е единствен што е одложен викендот.