![ustaven sud](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/02/ustaven-sud.jpg?resize=696%2C338&ssl=1)
Со изборот на Ана Павловска-Данева на позицијата уставен судија, Уставниот суд почна да функционира во полн состав со вкупно девет судии.
Судијата Павловска-Данева денеска ги презеде своите работни обврски како уставен судија и покрај средбата со претседателката на Судот, Добрила Кацарска, ги запозна судиите и вработените во службата, по што активно се вклучи во тековните ангажмани и активности во Судот.
Мандатот на Павловска-Данева, како уставен судија трае девет години, согласно Уставот на РМ.