Ново-старата љубовна двојка Џенифер Лопез и Бен Афлек се трудат секој ден да бидат во центарот на вниманието покажувајќи ја меѓусебната вљубеност.
Џенифер Лопез и Бен Афлек ја официјализираа својата врска за време на викендот, прославувајќи го нејзиниот 52-ри роденден во Сен Тропе. Не само што официјално објавија дека се заедно на Инстаграм со многу страсен бакнеж, туку и се потрудија да ја рекреираат познатата поза од спотот за песната „Jenny From the Block“ на Џеј Ло од 2002 година, во кој таа лежи на палубата, а Афлек ја гали по задникот.
Сега, двајцата свесни дека очите на јавноста се свртени токму кон нив, решиле да ја рекреираат славната снимка, па речиси 20 години подоцна, Џенифер повторно лежи на палубата во бикини, со напрчен задник, а Бен ја ставил раката врз нејзината славна позадина.
Пејачката и актерот се чини дека уживаат во вниманието што го привлекува нивната обновена љубовна врска. Додека „прекумерното внимание на медиумите“ беше фактор во раскинувањето на нивната свршувачка во 2004 година, тие сега се трудат на секој можен начин да покажат колку се вљубени еден во друг.
ФОТО: Јутјуб