Познатиот пејач Предраг Живковиќ Тозовац се ожени на 84 години. Како што пренесуваат српските медиуми, пејачот се оженил на последниот ден од 2020 година со Емилија Мима.
Двајцата се венчаа по 40 годишна врска. На венчавката присуствуваа неколкумина нивни пријатели со малку музика и хармоника.
„По 40 години љубов, мојата Мима и кралот на музиката Драган Тозовац“, напишала нивната пријателка на „Инстаграм“ и познат астролог Билјана Живковиќ.
https://www.instagram.com/p/CJhH9MspgcF/?utm_source=ig_embed
Откако беше објавено дека се оженил, Тозовац даде изјава за српските медиуми.
Би објавил, не е… Не сакам така анонимно да објавувам. Планиран набрзо нешто многу убаво. Ќе знаете сигурно, ќе биде јавно, рекол пејачот.
Емилија е две децении помлада од Предраг.
-Мима е мојата права љубов и прав избор. Нашиот однос е поеќе од љубов. Љубовта би ја опишал како краткотрајна болест. Ние сме во најубавата фаза, зашто станавме пријатели кои не можат еден без друг. Љубовта нема врска со годините. Мира Ступица сака да каже: „Го живеам животот и во овие години“ иако живее во старечки дом. Се согласувам со неа, вели Тозовац.