Пецаков: Ќе ги почитуваме препораките на УНЕСКО за зачувување на статусот

Мини зафатот секако треба да биде почнување на вистинско функционирање на Општината односно локалната самоуправа во Охрид, односно отворен принцип на работа во Општината, каде што граѓаните ќе ги решаваат нивните проблем, а не да биде проблем за граѓаните дополнителен. Ќе има воведување на сосема еден нов систем каде што ќе има буквално следење на предмети од самиот влез во архива па се до издавањето на даночното решение какво и да е. Тоа е еден нов систем на функционирање кое што на самите граѓаните ќе му го олеснат своето функционирање и решавање на проблемите во Општината, појасни Кирил Пецаков, градоначалник на општина Охрид.

Пецаков додаде дека исто така има предвидено и мега проекти за Охрид.

-Мега проект со кој што сакам да го обележам мандатот секако дека ќе биде решавањето на паркинг проблемот, а тоа е изградбата на катна гаража за која што документацијата е во завршна фаза. Продолжување на оние проекти кои што се од суштинско значење за Охрид во секаква смисла на зборот. Понатаму, реконструкција на плоштади и изградба на нови улици, велосипедски патеки, зголемување на зелените површини и најбитно почитување на препораките на УНЕСКО за зачувување на статусот, истакна новиот градоначалник на Општина Охрид.