Пецаков: Излезете масовно на 31-ви октомври, за да ставиме крај на злото кое надвиснало над Македонија со Заев, и да тргнеме кон нова иднина за Охрид

Измината е од прилика веќе една недела каде што со несмален интензитет и буквално енергија која што ја поседуваме. Одиме по граѓаните, тропаме по вратите, ја бараме нивната поддршка едноставно она кое што е потребно и покрај огромната предност на ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг од 2.000 гласови, е потребно масовна излезност за навистина да дојде крајот на она зло кое надвиснало во Македонија предводено од Зоран Заев и СДСМ, изјави денеска за медиумите, Кирил Пецаков, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Охрид.

Истака дека гласањето на 31-ви октомври ќе биде и референдумско изјаснување за тоа дали граѓаните сакаат да продолжи Македонија по истиот пат, или е потребно да тргнеме кон една нова иднина со нова енергија и надеж дека Македонија може да успее.

„Во таа цел имаме многу огромна поддршка од страна на граѓаните и се надевам дека она кое што го добивме во првиот круг и не само што се надевам, туку и убеден сум дека во вториот круг ќе имаме повеќе од дупло поголема разлика. Секако за тоа работиме. Ја гледаме атмосферата на терен и ја гледаме поддршката на граѓаните која што расте од ден на ден, и не се сомневам во тоа. Охрид, а и Македонија ќе има нова власт која што ќе знае и умее како Македонија да оди во вистински правец, а секако и сите останати градови не само Охрид“, додаде Пецаков.