Кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за општина Охрид синоќа од село Велгошти најави дека победата на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид започнува од тука.
Тој исто така ја презентираше својата програма, во продолжение во целост ви го пренесуваме неговиот Фејсбук статус:
Велгошти и велгоштани се стожерот на ВМРО од каде што започнуваат сите големи победи, народ кој во своите срца има достоинство, посветеност и жртва.
Позитивната атмосфера и огромното расположение за промени кај жителите ја има насекаде, во секоја куќа.
За Велгошти гарантираме:
✔️Изградба на дренажен канал за атмосферска вода покрај улица „Воденичарска”.
✔️Асфалтирање на патот кој води до црквата ,,Света Недела”.
✔️Изградба на атмосферска канализација и тротоар на главната улица „Илинденска“.
✔️Уредување на паркингот кај црквата ,,Свети Климент”.
✔️Изградба на мултифункционално спортско игралиште.
✔️Изградба на фитнес зона.