Полнење на општината и јавните претпријатија со партиски војници и тоа бројката само во ОВАА година, е еднаква на онаа колку што влегле во претходните 3 и пол години, СЕКАКО на грбот на граѓаните, а да биде трагедијата поголема Јавните претпријатија константно покажуваат НЕГАТИВНИ финансиски резултати, реагира преку социјалната мрежа на Фејсбук пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков.
Во продолжение интегрално ви ја пренесуваме објавата на Пецаков:
Додека ПОЖАРНАТА како една од најсуштинските сегменти во функционирањето на еден град, посебно како што е Охрид додека трае туристичката сезона, кубури со опрема за нормална работа и го потенцира ЛОШИОТ начинот на кој што се вработуваат пожарникари, различен од принципот воспостваен низ годините, секако заради одговорноста која самата позиција пожарникар ја носи…
Во Општина Охрид заедно со јавните претпријатија во оваа предизборна година се битни две работи:
👉 Асфалтирање на улици секако предизборно, на сметка на пазите НИТУ ЕДЕН КАПИТАЛЕН ПРОЕКТ во 4 години мандат на СДСМ во Охрид
👉 Полнење на општината и јавните претпријатија со партиски војници и тоа бројката само во ОВАА година, е еднаква на онаа колку што влегле во претходните 3 и пол години, СЕКАКО на грбот на граѓаните, а да биде трагедијата поголема Јавните претпријатија константно покажуваат НЕГАТИВНИ финансиски резултати
Компарации има доста, негативни пред сѐ, допрва и ќе ги истакнуваме, меѓутоа проблемот е што се нема идеја за развој на градот, ама за да се гледа на тој начин
‼️‼️доаѓаат подобри времиња за Охрид, пишува Пецаков во својата објава.