Демант на градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков:
Прво Филипчо и Инфомакс и онoј ликот со анонимни полициски пријави од Охрид, а денес и Левица и СДСМ во ист глас, со ист прес за спортската гордост на ОХРИД, а тоa е ГРК ОХРИД. Јасна ми е коалицијата, а богами добар ви е и патот.
Јас сум го основал клубот во 2011 година и сум бил капитен на клубот се до 2016 година.
Во 2013 со основачки влог од 25 000 € на општина Охрид се основа Акционерско Друштво РК ОХРИД 2013, кое понатаму во 2017 година се преименува во ГРК ОХРИД и така е до ден денес…
Откако е Акционерско Друштво од 2013 не членувам, ниту сум бил на било која извршна или не извршна позиција во АД-то и дополнително од 2013 година па на вака, главен финансиер на ГРК ОХРИД е општина Охрид и така и ќе остане, со одлука на совет и врз основа на јавен повик на доделувања на средства на СИТЕ спортски клубови на територија на општина Охрид
Општина Охрид врз основа на доделените средства во спортот и спортските екипи со гордост кажувам е една од најпосветените општини и токму затоа имаме успешни спортски екипи од градот, а нажалост ваша и на сдсм и на левица, а богами и на Филипчо , ќе продолжам уште попосветено и за подобри и повисоки резултати и успешни спортски приказни ги повикувам исто ко вас и јас институциите да проверат за било каква злоупотреба, не за друго за конечно после тоа да имаат одговорност за тежината на секој даден збор и исказ, ама овој пат не отстапувам од барање одговорност за одржаните пресови и реакции, досега сѐ ви простив и сите невистини.
Пс. Крајот ви се ближит, ама крај на глупостите ваши нема за жал. НЕМА ДА ГО УНИШТИТЕ СПОРТОТ И ПРАВИЛНИОТ РАЗВОЈ НА МЛАДИТЕ ВО ОХРИД! Вие сте завршена приказна!
ПСС. Се гледаме утре во 11 часот на прес за работи, за проекти и за она како ние знаеме да работиме и како треба да одиме напред!!