Разубавувањето на делот околу Охридското Езеро е наш приоритет затоа што сакаме нашите деца да растат тука и да растат здрави, а по нас да оставиме здрава и чиста животна средина, вели Кирил Пецаков, кандидат за градоначалник на општина Охрид.
-Уредувањето на просторот и неговото планирање, во договор со граѓаните, креира пософистициран лик на Општината и овозможува нејзино правилно просторно искористување. Во таа насока планираме изградба на нов парк со содржини и проширување на зелената зона на потегот од споменикот на А. Ден Долард до каналот Студенчишта каде што гостите и охриѓани има да поминуваат дел од своето време, подвлекува Пецаков и додава:
„Новиот парк и зелената зона на потегот од споменикот на А. Ден Долард до каналот Студенчишта има да биде ново уредено катче за поубав и позелен лик на градот и препознатливо место за Охрид.
Заокружи 7 за голема победа на Д-р Кирил Пецаков! На 31 октомври Охрид добива ВИСТИНСКИ ГРАДОНАЧАЛНИК кој гарантира нова и светла иднина“.