Пецаков: Власта има тотално непознавање на законите

Деновиве е актуелна една несреќна изјава од страна на министерката за култура, дека изградбата катната гаража во Охрид не била од јавен интерес и затоа е блокирано односно нема приоритет кај нив како министерство! Напиша на Фејсбук градоначалникот на општина Охрид, Кирил Пецаков.

– За нештата да бидат појасни, година и пол не малтретираат и мене како градоначалник и граѓаните на Охрид, со милион забелешки,препораки и измени. Иако по сите тие е постапено, упорно не добиваме позитивно мислење од култура, за на крај како што јавно кажав од министерство во стручниот тим да викаат „што си замислуваат тие ќе правеле катана гаража“!

– Во прилог имате закон за експропријација, член 7, каде јасно е напишано што е ЈАВЕН ИНТЕРЕС од локано значење и тука е напишана засебно КАТНА ГАРАЖА!

– Тотална неписменост и непознавање на законите, не само општо, туку и за сопствените ингеренции и надлежности!

– НАПОЗНАВАЊЕТО на законите и постапувањето спротивно од законите со кочење на една од НАЈБИТНИТЕ проекти за Охрид како град си носи и одговорност сама по себе за непостапување! И ви ветувам не ја оставам оваа работа така како шо мислите! Истакна Пецаков

За жал само докажувате дека далеку сте од менаџирање и водење на една држава, а и најголем срам сте што некогаш ја водел државава! Ви се ближи крајот, порача пецаков.