Педесет жртви и речиси 1.500 заразени со коронавирусот во Грција

Од почетокот на епидемијата на новиот тип коронавирус во Грција регистрирани се вкупно 1.415 заразени лица и 50 смртни исходи соопшти во средата на редовната прес-конференција во министерството за здравство на Грција, професорот епидемиолог Сотирис Циодрас

Според Циодрас,  во изминатите 24 часа потврден е 81 нов случај, едно лице починало, а 90 се на лекување, приклучени на апарати. Во Грција, досега била направена анализа на 17.350 примероци, додаде епидемиологот,

Паралелно во вкупниот број регистрирани случаи во Грција, вклучени се и уште 20 заразени лица од бродот „Елефтериос Венизелос“ што е закотвен на атинското пристаниште Пиреас.

Како што објасни заменик министерот за цивилна заштита на Грција, Никос Хардаљас, бродот тргнал на 7 март 2020 година од Турција за Шпанија, а на 23. истиот месец бил во близина на Пиреас откако Турција одбила да го прими назад, со што почнала постапката за репатријација на патниците.

Во меѓувреме, еден член на екипажот, швајцарски државјанин, бил пренесен во болница со симптоми на Covid-19, по што бил направен тест, а резултатот бил позитивен и започнала проверка на контактите.

Во бродот има вк