Педесетина мртви во меѓуплеменските судири во Дарфур

Околу педесет лица се убиени и 241 е рането во двата дена во кои траеле племенските судури во Дарфур, на западот на Судан, соопшти во четвртокот локалната канцеларија на Црвениот крст.

Судирите со најголем број жртви се случиле во неделата и понеделникот во Ел Генеина, главниот град на државата Западен Дарфур, меѓу вооружените членови на арапско и на африканско племе, кои запалиле неколку куќи, прецизира истиот извор.

Најмалку 48 лица се убиени а уште 241 се ренети, наведува Црвениот крст кој не прецизира дали меѓу жртвите има цивили или станува збор за вооружени членови на племињата. Меѓу ранетите, 19 се во критична состојба и се префрлени во Картум, 1.100 километри источно од местото на судирите.

Владата во понеделникот воведе полициски час во Западен Дарфур. Официјална државна комисија излегла на местото на судирите.

Според суданските медиуми, судирите избувнале по кавга меѓу две лица. Жена која била очевидец телефонски за агенцијата AFP рекла дека побегнала од бегалски камп на неарапското малцинство Масалит близу Ел Генеина, откако напаѓачите ги запалиле шаторите.

Во Дарфур владее насилство откако бунтовниците од етничките малцински групи во 2003 година се побунија против власта на Омар ал-Башир, кого го обвинуваа дека ја маргинализира нивната покраина. Според процените на меѓународните организации, во овие судири загинале околу 300.000 луѓе, а околу 2,5 милиони се раселени.

Кон крајот на декември суданската влада во Картум и девет бунтовнички групации усвоија насоки за ставање крај на судирите во Дарфур.

Ал-Башир е во затвор откако во април 2019 година го собори војската под притисок на уличните протести и е осуден за корупција. Против него и уште 50 судански функционери поради злосторства во Дарфур е отворен истрага. Против ал-Башир се издаден два меѓународни налози за апсење од Меѓународниот кривичен суд, поради геноцид, за злосторства против човечноста и за воени злосторства во Дарфур.