Педесетогдишникот чие безживотно тело во петокот утрото беше најдено на Зелен пазар во центарот на Скопје, не бил бездомник, туку самец кој живеел најверојатно во едно со скопските села, а смртта најверојатно настапила од предозираност со алкохол.
Починато лице е пронајдено утрово во 6 часот на клупа кај Зелен пазар. Станува збор за 50-годишен маж од скопско, а во полиција случајот ги пријавиле случајни минувачи.
Според информациите до кои дојде Сител не станува збор за бездомник, а смртта најверојатно настанала поради предозираност од алкохол.
По наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција по што ќе се знаат причините поради кои настапила смртта кај лицето што е пронајдено утрово на една од овие клупи.
Педесетгодишникот живеел сам, не бил оженет и поседувал имот во скопско село Вујковци. Најчесто се движел на локација Зелен пазар, каде е и пронајден утрово. Според евиденцијата на МТСП не бил регистриран како социјален случај иако повремено доаѓал во Црвениот крст да побара помош во храна и облека. Од хуманитарната организација апелираат да се работи интезивно со овие лица на кои им е потребна помош и ресоцијализација.