Педифил нападнал девојче, завчера во скопската населба Карпош, информираше МВР.
Според полицијата, случајот го пријавила 51-годишна жена од Скопје.
Таа објасниле дека инцидентот се случил околу 14 часот на улица Борка Талевски. Тогаш непознато лице ја вознемирувало нејзината 12-годишна ќерка. Педофилот ја пресретнал и почнал непристојно да и зборува. Тој веднаш потоа се обидел физички да ја нападне, но девојчето избегало.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.