Од 1950 година, најмалку 4.815 малолетници биле жртви на сексуално насилство во рамките на Католичката црква во Португалија, се наведува во извештајот на независната комисија која испитала повеќе од 500 сведоци во текот на едногодишната истрага.
„Тие сведоштва ни овозможија да дојдеме до многу поголем број жртви, пресметавме дека има најмалку 4.815“, рече координаторот на комисијата и детски психијатар Педро Стрехт при претставувањето на конечниот извештај во Лисабон.
Комисијата појасни дека не се работи за кривична истрага, бидејќи во најголем дел настапила застареност, но дека кривичните дела за кои сѐ уште не мнастапила застареност се проследени до судството. Ги има вкупно 25 таквви случаи.
На крајот на 2021 година, врвот на португалската КАтоличка црква му наложи на Стрехт да формира експертски тим и да го истражи феноменот на педофилија во црковните редови.
Претседателот на Португалската епископска конференција и епископ на Леирија-Фатима, Хозе Орнелас, ќе го соопшти тоа подоцна во понеделник попладне.
Португалските бискупи треба да се соберат на почетокот на март за да извлечат заклучоци од независниот извештај и да го „искоренат ова зло од Црквата“, изјави во јануари генералниот секретар на епископската конференција, отец Мануел Барбоса.
Во април 2022 година, кардиналот и патријарх на Лисабон, Мануел Клементе, ја изрази својата подготвеност да ги „признае грешките од минатото“ и „да побара прошка“ од жртвите.
Пред Португалија, скандалите со педофилија во Католичката црква потресоа многу земји, од САД, Ирска, Германија, Франција до Австралија.