![pedro](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/08/pedro-1.jpg?resize=696%2C399&ssl=1)
Иако за време на целиот летен преоден рок неговото име беше врзувано со Манчестер Јунајтед, сепак според “Мундо Депортиво”, Педро е пред портите на лондонските “сини”.
Според овој медиум, потписот на брзоногиот крилен напаѓач го обезбедила Марина Грановскаја, главната соработничка на Роман Абрамовиќ, а евентуалнта сума за овој трансфер би изнесувала 30 милиони евра.
![Дали ова е комбинацијата која го осуди на пропаст трансферот на Педро во Манчестер Јунајтед ?](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/08/pedro23july15-593108.jpg?resize=300%2C178)
Договорот кој ќе го потпише Педро со Челзи ќе трае три години, а одлуката да замине на “Стемфорд Бриџ” а не во Манчестер е донесена поради тренерот на “црвените ѓаволи”, Луј Ван Гал. Имено, легендата на бугарскиот фудбал и поранешен член на Барселона, Христо Стоичков неколку пати го советувал Педро да не потпишува за Јунајтед додека е под водство на Ван Гал, бидејќи во спротивно ќе се соочи со греење клупа и пад во кариерата.
Сепак ова се само информации кои протекуваат низ медиумите, каква е реалната ситуација околу заминувањето на Педро во Премиер лигата ќе покажат следните неколку дена, колку што остануваат до крајот на летниот преоден рок.