Педро Санчез и се обрати на нацијата и ја призна државноста на Палестина

Премиерот на Шпанија, Педро Санчез денеска одржа прес-конференција на која го официјализираше шпанското признавање на палестинската држава.

Во обраќањето до нацијата, Санчез рече дека ова е историска одлука.

– Владата на Шпанија на денешниот состанок ќе го одобри признавањето на државата Палестина. Така Шпанија ќе им се приклучи на повеќе од 140 земји во светот кои веќе ја признаваат Палестина како држава. Ова е историска одлука која има една цел. Да помогне Израелците и Палестинците да постигнат мир. Тоа не е одлука насочена против никого, рече Санчез.

Тој информира дека ваквата одлука е донесена поради три причини.

– Ова го правиме за мир, правда и кохерентност, рече Санчез.

Санчез, меѓу другото, рече дека палестинската држава мора да биде одржлива со Западниот Брег и Газа и коридор поврзан со источен Ерусалим како главен град.

– Двете територии би биле обединети под легитимна влада на палестинската национална управа, истакна премиерот на Шпанија.

Исто така, Санчез нагласи дека одлуката за признавање на Палестина е заснована на меѓународна почит и порача дека не се признаваат никакви промени на границите од 1967 година.

– Тоа не е само прашање на историска правда. Тоа е императивна потреба за да се постигне мир, нагласи шпанскиот премиер.