„Пегазус“ нема да наплаќа за летови од погодените области во Турција

Турската авиокомпанија „Пегазус“ денес соопшти дека летовите од погодените подрачја ќе бидат бесплатни во следните пет дена, по катастрофалниот земјотрес што го погоди југоисточниот дел на Турција.

Нашите домашни летови од Адана, Дијарбакир, Елазиг, Кајсери, Малатија, Караманмараш, Газиантеп и Шанлиурфа ќе бидат бесплатни, вклучително и на 12 февруари“, се вели во соопштението на турската компанија, а пренесува „Дејли мејл“.

„Пегазус“ додава дека, за да им помогне на подрачјата погодени од земјотресот, ќе продолжи со носење спасувачки екипи и неопходен материјал, како и евакуација на граѓаните од загрозените подрачја.