Добиена тужбата за клевета против лагите дека се „профитирало“ од темата прочистителната станица град Скопје. И сега квалифилациите „медари“, „криминалци“ и „профитери“ се пехарот на срамот кој останува за Данела Арсовска, за СДСМ и за тие кои направија тема и ширеа лаги. Плукаа силно, сега паѓа на нивното лице, изјави Златко Перински, поранешен директор на ЈП Водовод и канализација, кој беше разрешен откако и се спротистави на градоначалничката Арсовска во нејзиниот обид во влијание на постапката за избор на изведувач на Прочистителната станица, откако претседателот на ВМРО-ДПМНЕ денес излезе со статус на фејсбук за добиена тужба против СДСМ дека тој, а не Арсовска влијаеле врз постапката.
Задоволството е поголемо и кога вака заробениот и корумпиран суд на власта не ќе може да го одбегне фактот дека СДСМ ме клевети. Токму вчера, на 20 септември уште една добиена пресуда против СДСМ дека клевети и шири лажни вести против мене, истакнува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Овој пат за тендерската постапка за пречистителната станица на Град Скопје, истиот тендер кој подоцна го потпиша градот, со грант обезбеден од оваа влада.
Лагите и медот останаа кај СДСМ и нивните апологети. Но и тоа нема да биде долго, зошто остана уште малку до смена на власта, кога ќе го почувствуваат вистинското владеење на правото и правдата“ – посочи Мицкоски.
Со оваа пресуда пропаднаа во вода сите обиди за клеветње на Мицкоски и Перински и се обелодени вистината.