Пејачката на Cranberries починала од труење со алкохол

Долорес Мери Ејлин О’Риордан, 46-годишната лидерката на ирскиот рок бенд Тhe Cranberries, се удавила во када по труење со алкохол, покажала истрагата во Лондон, а медиумите пренесуваат во четвртокот.

Пејачката беше пронајдена на 15-ти јануари годинава удаваена во када во нејзината хотелска соба во Лондон, откако испила преголемо количество алкохол, изјавил вештак во судот, а пренесоа ирската јавна телевизиска мрежа RTE и британската телевизија Sky News.

О’Риордан, чијшто препознатлив и силен глас ја направи групата The Cranberries славна во раните 1990-те години, почина во текот на патување пред планираната турнеја.

Неа ја прославија хитовите како „Linger“ и „Zombie“, и како „срамежлива дваесет и двегодишна девојка стана првиот глас на својата генерација“, рече во јануари по повод смртта на О’Риордан, ирскиот премиер Лео Варадкар.