
Кошаркарите на Индијана Пејсерс ја остварија третата последователна победа во НБА лигата совладувањајќи ги како гости Голден Стејт Вориорс со 92:81, искористувајќи го неиграњето на четворицата најдобри играчи на домаќините – Стеф Кари, Кевин Дурент, Клеј Томпсон и Дрејмон Хил.
Иако беа ослабени за речиси целата стартна петорка, Вориорс подобро го отворија дуелот и во втората четвртина имаа предност од 15 поени разлика (44:29), но Пејсерс до крајот на третата успеаја да го анулираат заостанувањето, а последниот дел го добија со 24:11 остварувајќи важна победа во битката за што подобра позиција во пресрет на доигрувањето во Источната конференција.
Пејсерс до победата ги предводеше Виктор Одалипо со 24 кошеви, а по 17 поени постигнаа Бојан Богдановиќ и Таедуш Јанг кој собра и 10 топки. Кај ослабените Вориорс најефикасен беше Ник Јанг со 12 поени, а по 11 постигнаа Квин Кук и Анде Игуадала.
Индијата со соодносот на победи и порази 44-31 и натаму е петта на Истокот, но е многу брзо до четвртата позиција која ја држи Филаделфија со 43-30 и третиот Кливленд со 44-30, додека Голден Стејт со 54-20 останува на второто место на Западот.
Актуелните вицешапмиони Кливленд Кавалирс го доживеаја триесеттиот пораз сезонава, откако беа поразени на гостувањето кај Мајами Хитс со 79:89. За гостите неволјите започнаа кон средината на првата четвртина кога Кевин Лав доби лакт во главата и мораше да го напушти мечот поради симптоми на потрес на мозокот. Домашните веднаш потоа направија 17:2 со која се одвоија на двоцифрена разлика којашто не ја испуштија. Кели Олиник ги предводеше Хитс со 19 поени, додека Леброн Џејмс беше најефикасен кај Кавалирс со 18 поени.
Хјустон Рокетс практично го обезбедија најдобар сооднос меѓу победи и порази во лигашкиот дел од сезоната, а до својата 61-ва победа од 75 настапи стасаа и без својот најдобар играч Џејмс Харден кој доби одмор против оваа година слабите Чикаго Булс. Но и без него Рокетс беа доминантни и победија со 118:86. Победниците ги предводеше Ерик Гордон со 31 кош, додека младиот Финец Лаури Марканен со 22 поени беше најдобар кај поразените.
Торонто Репторст направија уште еден чекор кон првото место во Источната конференција со победата од 114:110 на домашен терен против Денвер Нагетс, коишто, пак, со ова уште повеќе се оддалечија од можноста да се пласираат во доигрувањето. Дури седум играчи на Репторст беа со двоцифрен број поени, а по 15 постигнаа Демар Дерозан, Јонас Валачуинас и Фред Ван Вилет, додека Нагетс не им помогна ниту повторно расположениот Никола Јокиќ со 29 кошеви, 16 скокови и 8 асистенции.
Репторс се први во Источната конференција со сооднос од 55-20, втори се Бостон Селтикс со 51-23, додека Нагетс сега се 10-ти во Западната конференција со сооднос 40-35, две победи повеќе со два пораза помалку имаат Минесота Тимбервулфс, кои во моментот го држат последното место кое води во доигрувањето.
Портланд Трејл Блејзерс се зацврстија на третата позиција на Западот откако на гости со 107:103 остварија победа над Њу Орлеанс Пеликанс. Повторно одличен беше Демиен Лилард со 41 кош, 9 скокови и 6 асистенции, додека за Пеликанс нов „трибл-дабл“ оствари Џру Холидеј со 21 поен, 11 скокови и 11 асистенции, како и новата одлична партија на Ентони Дејвис со 36 кошеви и 14 скокови.
Портланд сега има сооднос 46-28, додека Њу Орлеанс со 43-31 е на делба на петтото место на Западот со Сан Антонио Спарс кој загубијасо 106:116 на гостувањето кај Вашингтон Визардс.