На гостувањата кај нископласираните екипи во Источната конференција на НБА лигата, кошаркарите на Индијана Пејсерс и Минесота Тимберволфс остварија очекувани победи. Пејсерс со 129:121 победија во Атланта, каде дури осум играчи постигнаа двоцифрен број поени, додека Тимберволфс со 119:94 ги надиграа Чикаго Булс и стасаа само до својата четврта гостинска победа сезонава.
Индијана во новата победничка серија стаса до третата последователна победа, а десетта во последните 12 дуели, благодарејќи на изразено колективната игра. Осумте стрелци со двоцифрен број кошеви ги предводеше Тадеуш Јанг кој даде 21, а по 19 постигнаа повратникот Тирек Ивенс и Дамантис Сабонис, кој притоа додадае и 8 скокови. Бојан Богдановиќ додаде 16 поени, колку што постигна и Виктор Одалипо со седум скокови и исто толку асистенции.
Кент Бејзмор со 32 коша ја предводеше Атланта, а расположени беа и Џон Колинс со 21 кош и 11 скокови, и Девајн Деднон со 18 поени и 15 скокови. Но Хоукс не успеаја да го избегнат 24-от пораз сезонава.
Минесота според соодносот на гостувањата е една од најлошите екипи во лигата. Меѓутоа во Чикаго, Тимберволфс заиграа и уште на полувремето имаа предност од 23 кошеви (60:37), што без проблеми ја задржаа во следните две четвртини.
Прв играч во дуелот во „Јунајтед Сентар“ беше Карл-Ентони Таунс со 20 кошеви и 20 скокови. Во почетната постава на гостите се најде и Дерик Роуз, некогашниот МВП на НБА лигата од периодот кога настапуваше за Булс. Роуз постигна 24 кошеви со осум асистенции, а навивачите на Булс му скандираа. По пет меча отстуство во екипата на Чикаго се врати Зак Лавин и веднаш со 28 кошеви за 26 минути на паркетот потсети колку значи за овој тим. Втор стрелец кај домашните беше Лори Марканен со 16 поени.
Само еден скок му недостигаше на Словенецот Лука Дончич да стане најмладиот играч во историјата на НБА лигата со „трипл-дабл“ учинок. Далас Маверикс пред своите навивачи ги совладаа Њу Орлеанс Пеликанс со 122:119 и ја прекинаа низата од шест порази, а Дончич постигна 21 кош, 10 асистенции и 9 скокови. Деандре Џордан даде 20 кошеви со 12 скокови, Харисон Барнес постигна 16 поени, а голем придонес имаа и играчите од клупата, Џеј Џеј Бар со 18 кошеви и 7 асистенции и Девин Харис со 16 поени. Во петтиот последователен пораз на Пеликанс најдобар беше Ентони Дејвис со 32 коша и 18 скокови, а го следеше Џру Холидеј со 25 поени и 6 асистенции.
Два меча одиграни ноќта кон четвртокот беа решени во дополнителниот период. Феникс Санс до победата над Орландо Меџикс од 122:120 дојде по едно продолжение, а извонредно возбудлив беше расплетот во Бруклин, каде што Нетс дојдоа до победата над Шарлот Хорнетс од 134:132 во второто продолжение.
Гостите на дуелот во Бруклин можеа да победат во основниот дел од натпреварот, кога нивниот најдобар играч Кемба Вокер направи две грешки во последните четири секунди. Прво реализираше само едно слободно фрлање за водство од 114:113, а потоа без никаква причина го фаулираше Демаре Карол под кошот на Нетс на една секунда до крајот. Карол го погоди првото, а потоа двапати не го реализираше второто слободно фрлање, бидејќи беше повторувано поради прераното влегување на Никлас Батум во рекетот. На крајот од првото продолжќение Тони Паркер имаше шут за победа на гостите, а одлуката за победникот во второто продолжени ја донесе кошто на Џо Харис за 134:132 на 3,2 секунди пред истекот на времето. За Бруклин ова е деветта победа во последните десет натпревари.
Најдобар играч на Нетс беше Спенсер Динвиди со 37 кошеви и 11 асисетнции, додека Харис на крајот забележа 27 поени,. Кемба Вокер постигна 35 а Џереми Ламб 31 кош за Хорнетс.
Иако настапија без својот прв плејмејкер Кајли Лоури, Торонто Рапторс на гостувањето кај Мајами Хитс победија со 106:104 и така ја прекинаа победничката серија на домашните, за кои ова е прв пораз во последните шест мечеви. Во возбудливата завршница Дени Грин погоди „тројка“ за 106:104, на 23 секунди до крајот. Рапторс до 26-та победа во сезоната ги водеше дојденоцот од Сан Антони, Кавај Леонард кој дуелот го заврши со 30 кошеви и 8 скокови. Грин постигна 18 поени, а Фред Ван Влеет 16 кошеви.
Демар Дерозен до оваа сезона ги водеше Рапторс до победите, но сега тоа се’ почесто го прави на новата дестинација во Сан Антонио. Спарси пред своите навивачи ги совладаа Денвер Нагетс со 111:103, а Дерозен со 30 кошеви беше најдобар стрелец кај домашните а со 27 поени го следеше Ламаркус Олдриџ. Спарси успеаја Никола Јокиќ да го остават на само четири поени, а најдобар стрелец на Нагетс беше Шпанецот Хуан Ернангоме со 27 кошеви и 13 скокови.
РЕЗУЛТАТИ
Атланта – Индијана 121-129
Чикаго – Минесота 94 – 119
Лос Анџелес Клиперс – Сакраменто 127-118
Далас – Њу Орлеанс 122-119
Сан Антонио – Денвер 111-103
Бруклин – Шарлот 134-132 (два продолжување)
Мајами – Торонто 104-106
Мемфис – Кливленд 95-87
Детроит – Вашингтон 106-95
Орландо – Феникс 120-122 (продолжение)
ТАБЕЛИ
ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА
Атлантска дивизија
- Торонто 26 10 .722 –
- Филаделфија 22 13 .629 3 1/2
- Бостон 20 13 .606 4 1/2
- Бруклин 17 19 .472 9
- Њујорк 9 26 .257 16 1/2
Централна дивизија
- Милвоки 23 10 .697 –
- Индијана 23 12 .657 1
- Детроит 16 16 .500 6 1/2
- Чикаго 9 26 .257 15
- Кливленд 8 27 .229 16
Југоисточна дивизија
- Шарлот 16 17 .485 –
- Мајами 16 17 .485 –
- Орландо 14 19 .424 2
- Вашингтон 13 22 .371 4
- Атланта 9 24 .273 7
ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА
Северозападната дивизија
- Денвер 21 11 .656 –
- Оклахома Сити 21 12 .636 0 1/2
- Портланд 19 15 .559 3
- Јута 17 18 .486 5 1/2
- Минесота 16 18 .471 6
Пацифичка дивизија
- Голден Стејт 23 12 .657 –
- ЛА Лејкерс 20 14.588 2 1/2
- ЛА Клиперс 20 14.588 2 1/2
- Сакраменто 18 16 .529 4 1/2
- Феникс 9 26 .257 14
Југозападна дивизија
- Хјустон 18 15 .545 –
- Сан Антонио 19 16 .543 –
- Мемфис 18 16 .529 0 1/2
- Далас 16 17 .485 2
- Њу Орлеанс 15 20 .429 4