Пекинг го обвини Вашингтон за хакирање на кинески универзитет

Кинеската полиција денеска го обвини Вашингтон за хакирање на кинескиот универзитет со програми за аеронаутика и вселенско истражување, а за кој американските власти велат дека врши воени истражувања.

Северозападниот политехнички универзитет во градот Сиан пријавил хакерски напади уште во јуни, според кинескиот Национален центар за итни случаи за компјутерски вируси.

Кинеските аналитичари велат дека патот води до американската Агенција за национална безбедност (НСА), објави АП.

Американската амбасада во Пекинг не одговори на барањето за коментар, пренесува Танјуг. Пекинг додава дека НСА извршила 41 напад во Кина, но не се наведени детали, ниту пак било какви индикации дека е причинета штета.

Во соопштението не се наведува како кинеските аналитичари заклучиле дека НСА стои зад нападот.