Челниците на Кина и на Северна Кореја во неделата ветија дека ќе ја подобрат билатералната соработка на 75-годишнината од дипломатските односи меѓу двете земји, објави државната севернокорејска новинска агенција на KCNA.
„Му придавам големо значење на развојот на односите меѓу Кина и Северна Кореја“, рекол кинескиот претседател Кси Џинпинг во пораката до севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, користејќи го акронимот за официјалното име на Северна Кореја, Демократска Народна Република Кореја.
Ки Џинпинг рекол и дека Кина е подготвена да продолжи да „пишува ново поглавје“ во односите преку зајакнување на комуникацијата и соработката.
Кина е најголемиот трговски партнер на Северна Кореја. Двете земји споделуваат историја која потекнува од поддршката на Пекинг за Пјонгјанг во текот на Корејската војна 1950-1953 година што резултираше со формирањето на Северна и Јужна Кореја.
Кина реагираше претпазливо во јуни кога Ким Џонг-ун ги затопли порано залаените односи со рускиот претседател Владимир Путин. Оваа година Северна Кореја и Русија потпишаа стратешки договор кој вклучува елементи на заемна одбрана. Пекинг, истовремено како и Москва, минатата деценија ги залади односите со Ким, но последните години со развојот на односите во Азија и зајакнувањето на военото присуство на САД и нивните регионални сојузници, го изменува курсот кон Севверна Кореја.
Во пораката упатена до Кси Џинпинг, Ким Џонг-ун ветува дека „постојано ќе се труди да ги зајакне и развива пријателските и кооперативни односи меѓу Пјонгјанг и Пекинг, како што бара новата ера“.
На Западот очекуваат Северна Кореја да го ревидира својот устав за да се откаже од својата долгогодишна цел за мирно обединување со Јужна Кореја и да ја редефинира меѓукорејската граница. Експертите велат дека овој потег може да ги зголеми тензиите на полуостровот. Северна Кореја во понеделник ќе ја започне парламентарната седница на која ќе се расправа за амандманот.