Пекинг порача дека со Москва „порешително“ ќе развива одоси и соработка

Русија и Кина порешително ќе ги разиваат билатералните врски и ќе ја зајакнуваат соработката, порача во средата кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји по средбата во источна Кина со рускиот колега по должност Сергеј Лавров.

Двете страни, исто така, ги осудиле „нелегалните и контрапродуктивни“ санкци коишто Западот предводен од САД ѝ ги наметнаа на Русија поради нејзината воена операција во Украина, соопшти руското министерство за надворешни работи.

Ванг и Лавров се сретнаа во источната кинеска провинција Анхуи, кадешто Кина е домаќин на дводневните мултилатерални средби за Авганистан.

„Двете страни сакаат порешително да ги развиваат билатералните врски и пооптимистични се во врска со поттикнувањето на соработката во разните области“, рече Ванг.

Порала дека Кина е „расположената во соработката со Русија во новиот меридо да ги подигне меѓусебните односи на повисоко ниво, раководејќи се од договорите на челниците на двете држави“.

Средбата на шефовите на дипломатиите на двете светски сили следеше малку повеќе од еден месец откако Русија ја започна она што официјално го нарекува „специјална воена операција за демилитаризација и денацизација на Украина“ и за „заштита на (рускојазичното) население во Донбас“, а на којашто САД и нивните сојузници реагираа со нов бран најостри досега санкции насочени кон стратешките руски сектори и највисоките функционери.

Русија во последната деценија сѐ повеќе се оддалечува од курсот на приближување кон Западот и започна процес на градење партнерство и меѓусебна поддршка со Кина. Во духот на тие политики, Пекинг ги отфрли инсистирањата на Западот да ја осуди руската операција во Украина, а во средата повторно искажа поддршка за мировните преговори меѓу Москва и Киев.

Руското министество за надворешни работи потврди дека Лавров го известил Ванг за напредокот на воените операции во Украина и за придвижувањето во и ситуацијата околу преговорите.

„Страните се согласија дека негелгалните и едностраните санкции од САД и нивните сателитеи кон Русија се контрапродуктивни и штетат на глобалната економија“, соопшти руската дипломатија.

Русија и Кина, се согласиле Лавров и Ванг, „ќе продолжат да го јакната стратешкото партнерство и со еден глас ќе зборуваат“ за глобалните проблеми.

Ванг рекол дека билатералните одности го „издржале тестот на турбулентните настани на меѓународната сцена“.

Медиумите притоа потсетуваат дека на почетокот од февруари, пред почетокот на Зимските олимписки игри во Пекин, двете земји објавија дека нивното стратешко партнерстви „не познава граница“.