Пекинг во саботата надмина 40 степени Целзиусови трет ден по ред, додека невообичаено високите температури за јуни ја зафатија област со големина на американската сојузна драажва Калифорнија во северна Кина.
Во 13,51 часот по локално време, температурата измерена од референтната метеоролошка станица во Пекинг во неговите јужни предградија накратко се искачи над 40 Целзиусови степени. До саботата, градот со речиси 22 милиони жители никогаш не забележал три последователни дена над 40 степени Целзиусови откако е инсталирана јужната опсерваторија во 1951 година.
Покрај Пекинг, делови од блиските покраини Хебеи, Хенан, Шандонг, Внатрешна Монголија и Тијанџин или подигнаа или го задржаа „црвеното“ предупредување за горештина, највисоко во кинескиот систем за предупредување со четири нивоа.
Црвеното предупредување покажува дека температурата може да надмине 40 Целзиусови степени во рок од 24 часа.
„Минатогодишниот топлотен бран дава одредена смисла за ризиците за снабдувањето со храна во Кина и потенцијалното влијание врз цените. Уште една суша би им наштетила на приносите на земјоделските култури, додека добитокот е чувствителен на високи температури“, пишува во белешката на „Capital Economics“ во петокот.
Во саботата, државните медиуми објавија температури на земјата над 70 степени во делови на Шандонг, најнаселената кинеска провинција по Гуангдонг и клучен одгледувач на житарки.
Вториот круг на топлотни бранови за околу 10 дена, предизвикани од топли воздушни маси поврзани со гребени на висок притисок во атмосферата. Ефектот е зајакнат со тенка облачност и долги дневни часови околу летниот солстициум.
Во Пекинг, меѓу 1990 и 2020 година, просечниот број денови со температура од 35 степени или бепе повисока за 10,6 степени, објави официјалниот Пекинг дневен весник, цитирајќи официјални податоци. Јуни се уште не е завршен и таа бројка е веќе надмината, пишува весникот, откако температурите во Пекинг во саботата 11-ти ден годинава надминаа 35 степени.
Петокот во Пекинг беше жежок со температури до 40,3 Целзиусови степени, откако во четвртокот беше 41,1 Целзиусови степени, што беше втор најтопол ден забележан во главниот град на Кина во модерното време, највисоката температура беше измерена на 24-ти јули 1999 година кога изнесуваше 41,9 Целзсиусови степени.
Топлотните бранови во северна Кина се очекува да се смират до понеделник пред повторно да се засилат подоцна во текот на неделата.